Општини
Нацева: Мрзнење на лозјата по должината на реката Вардар
После изминатите два дена, каде во вечерните часеви температурата се спушти под 0, денес направен е увид на дел од лозовите насади, каде веќе се забележуваат мрзнења на лозјата , особено по должината на реката Вардар. За ова попладнево информираше градоначалничката на Неготино, Марија Нацева.
- Ќе ја следиме ситуацијата оваа недела и доколку се процени дека има оштетувања, Општина Неготино ќе формира комисија за констатирање на состојби предизвикани од елементарни непогоди – сподели таа на нејзината Фејсбук страница.
МИА веќе информираше во текот на вчерашниот и денешниот ден, дека штети од ниски мајски температури, има и во кавадаречко и во росоманско. Исто така информираше и за тоа, како земјоделец од валандовско се справува со ниските пролетни температури.
мај 4, 2026

