Фудбал
Шалке се врати во Бундеслигата
Фудбалерите на Шалке изборија враќање во Бундеслигата на две кола до крајот на сезоната во втората германска лига, со триумф пред своите гледачи над Фортуна Диселдорф со 1-0.
Шалке е убедливо прв на табелата со 68 бодови, десет повеќе од второпласираниот Падерборн и 11 повеќе од Хановер на третото место. Иако и двата тима имаат натпревар помалку, сепак, третопласираниот Хановер веќе ниту математички не може да го престигне на табелата клубот од Гелзенкирхен.
Првопласираните два тима во Бундеслига 2 обезбедуваат директен пласман во елитната дивизија, додека третопласираниот клуб ќе игра плејоф со 16-то пласираниот тим на крајот од сезоната во Бундеслигата.
Во својата историја, Шалке е седумкратен шампион на Германија, но последен пат во 1958 година.
мај 4, 2026

