Connect with us

Фудбал

Левски ја освои титулата во Бугарија

Фудбалерите на Левски, во чиј редови настапува македoнскиоt репрезентативец Никола Серафимов, ја освоија шампионската титула и со тоа ставија крај на 14-годишната доминација на Лудогорец во бугарскиот фудбал.
Левски во саботата ја совлада ЦСКА 1948 во големото софиско дерби со 1:0 и стекна недостижна предност од 14 бодови на врвот на табелата на четири кола до крајот на сезоната.
За Левски ова е 27 шампионски трофеј во историјата, а прв од 2009 година.
Серафимов во август му се приклучи на Левски, кога потпиша тригодишен договор со новиот бугарски шампион, но поради повреда не беше во составот на Левски во саботното дерби против градскиот ривал. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1