Connect with us

Свет

Франција: Илјадници луѓе на „опасна забава“ на воен полигон каде има неексплодирана муниција

Илјадници луѓе денеска претпладне се собраа на забава на отворено во близина на градот Бурж, во централна Франција, на воен терен каде што постои висок ризик од неексплодирана муниција, изјави префектот на департманот Шер, Филип Ле Моен Сирзир.

Околу 9 часот наутро, властите изброиле 2.300 возила со приближно 8.000 луѓе собрани на стрелиштето на Генералната дирекција за вооружување, пренесува телевизијата БФМ. Организаторите на настанот индиректно ја информирале префектурата дека очекуваат бројката да достигне и до 30.000 посетители.

Локалните власти предупредуваат дека теренот претставува сериозна потенцијална опасност поради можното присуство на неексплодирани убојни средства во земјата

Маркетинг
Ad 2
Ad 4