Свет
Антивладин протест во Мадрид
Повеќе илјади луѓе денеска во Мадрид учествуваа во протестот наречен Марш за достоинство, што беше во организација на „Шпанското граѓанско општество“.
Демонстрантите побараа распишување на предвремени парламентарни избори до 15 ноември и изразија незадоволство од политиката на владата на премиерот Педро Санчез, посебно со мигрантската криза во шпанската енклава Сеута.
Протестот беше поддржан и од опозициските Народна партија (ПП) и Вокс.
Демонстрантите извикуваа слогани против Санчез и министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка, вклучувајќи „Марласка, предавнику, брани ја својата нација“, како и навреди кон премиерот и „Јас сум Шпанец“.
Лидерот на Вокс, Сантијаго Абаскал наведе дека Сеута е сè уште „под инвазија, затоа што Санчез е сè уште слуга на Мароко“.
Додека генералниот секретар на Народната партија, Мигел Теладо, побара мигрантите кои масовно влегоа во Сеута на 30 и 31 јули да бидат вратени во Мароко.
Тие кои ја нападнаа Сеута треба да си заминат од каде што дојдоа, наведе Теладо.
септември 26, 2026
