Фудбал
АФА започна преговори со Скалони за нов договор
Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) објави на својата официјална страница на социјалните мрежи дека започна преговори за нов договор со селекторот на репрезентацијата, Лионел Скалони.
– Започнаа преговори меѓу претседателот на АФА, Клаудио Тапија, и селекторот Лионел Скалони во врска со продолжувањето на неговиот договор со аргентинската репрезентација, се вели во соопштението.
Скалони е тренер на аргентинската репрезентација од 2018 година. Под негово водство, Аргентинците одиграа 104 натпревари: 80 победи, 14 нерешени и 10 порази.
Под водство на Скалони, Аргентина освои две титули на Копа Америка (2021 и 2024), Светското првенство во 2022 година и Финалисима во 2022 година.
На Мундијалот 2026, Аргентина стигна до финалето каде загуби од Шпанија.
септември 26, 2026
