Connect with us

Свет

Толпа се обиде да линчува осомничен за убиство на девојче во Австралија

Стотици демонстранти се судрија со припадниците на итните служби во австралискиот град Алис Спрингс, обидувајќи се да стигнат до маж осомничен за убиство на петгодишно абориџинско девојче, соопшти полицијата.

Инцидентот започна кога 47-годишниот Џеферсон Луис, за кого се верува дека го киднапирал и го убил девојчето, бил пронајден од локални жители и претепан до бесвест во текот на ноќта, пред да биде уапсен од полицијата, изјави полицискиот комесар на Северната Територија, Мартин Доул.

– Тој се појавил во еден од камповите во Алис Спрингс, по што членовите на заедницата се одлучиле на одмаздничка правда – рече Доул.

Подоцна, околу 400 лица се собраа пред болницата каде што Луис се лекувал и се обидоа насилно да влезат за да се пресметаат со осомничениот. Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, при што се повредени повеќе полицајци и медицински работници. Оштетени се полициски, амбулантни и противпожарни возила.

Осомничениот, поради безбедносни причини, е префрлен во Дарвин, главниот град на Северната Територија. Луис, кој претходно неделава бил идентификуван како осомничен, веќе имал пресуди за физички напади и неодамна бил ослободен од затвор.

Петгодишното девојче исчезна од својот дом на периферијата на Алис Спрингс минатата недела, а неговото тело беше пронајдено вчера, по потрагата во која учествуваа стотици луѓе.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1