Свет
Трамп се согласи Иран да игра на Светското првенство во Северна Америка
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека се согласува Иран да учествува на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Северна Америка во јуни и јули.
Коментарите следуваат откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Иран ќе биде дел од турнирот и ќе игра натпревари во САД.
– Ако Џани го кажал тоа, тогаш сум согласен – рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. – Знаете што? Нека играат – додаде тој.
Иран треба да игра против Нов Зеланд на 15 јуни и против Белгија на 21 јуни во Лос Анџелес, како и против Египет на 26 јуни во Сиетл.
мај 1, 2026

