Општини
Нови општински објекти во Кавадарци ќе добијат фотонапонски панели за бенефит и финансиска заштеда, најави градоначалникот
Нови општински објекти во Кавадарци ќе добијат фотонапонски панели за бенефит и финансиска заштеда, најави попладнево градоначалникот Митко Јанчев.
– Како општина што пред четири години беше прва во државата и постави 200 KW фотонапонски панели на сите општински објекти, продолжуваме со уште поголеми инвестиции. На 12 јавни установи ќе се постават фотоволтаични модули – со моќност од 400 до 600W, на секоја локација, во вкупна моќност од 355kW. Фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари – соопшти Јанчев преку неговата Фејсбук – страница.
Од неговиот кабинет појаснија дека се работи за јавни установи на кои ќе се постават фотоволтаични модули и што ќе имаат огромен бенефит како и голема финансиска заштеда. Локалната самоуправа, училишта, објекти од детската градинка, кавадаречката болница, домот на културата, градската библиотека и кавадаречкиот суд.
април 30, 2026

