Connect with us

Општини

Заменик-амабасадорката на САД, Никол Варнс, на средба со штипскиот градоначалник

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска оствари работна средба со заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс, информираат од кабинетот на градоначалникот на општина Штип. На средбата биле разгледани повеќе актуелни прашања поврзани со развојните потенцијали на општина Штип, при што посебен акцент бил ставен на можностите за унапредување на економската соработка, привлекување на нови инвестиции, како и поддршка на локалниот економски развој.

-Се разговараше и за перспективите за продлабочување на партнерството помеѓу Општина Штип и Амбасадата на САД, преку заеднички проекти и иницијативи кои имаат за цел подобрување на условите за живот на граѓаните- соопштуваат од кабинетот на градоначалникот на општина Штип.

Градоначалникот Јорданов се заблагодарил за досегашната поддршка и конструктивната соработка, истакнувајќи дека ваквите средби претставуваат значаен чекор во градењето на стабилни и долгорочни партнерства. Тој нагласи дека преку заедничко делување, размена на идеи и иницијативи, може да се реализираат конкретни проекти кои ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата, зајакнување на стопанството и создавање на подобри услови за економски развој на општината. Двете страни изразиле подготвеност за продолжување на комуникацијата и интензивирање на соработката во периодот што следи, со цел реализација на проекти од заеднички интерес.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4