Connect with us

Свет

Си-ен-ен: Според нецелосните процени на Пентагон, војната против Иран досега чини речиси 25 милијарди долари

Пентагон проценил дека досегашните трошоци од војната против Иран достигнале речиси 25 милијарди долари, но во таа пресметка не е се вклучени евентуалните расходи за обнова на оштетените американски воени бази во регионот. Како што пренесува Си-ен-ен, вкупните трошоци би можеле да достигнат меѓу 40 и 50 милијарди долари кога ќе се пресметаат санацијата на инфраструктурата и замената на уништената опрема.

Во раните фази на конфликтот Иран изврши напади врз повеќе американски воени објекти на Блискиот Исток, меѓу кои бази во Бахреин, Кувајт, Ирак, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

Функционерот на Пентагон, Џулс Херст, пред Конгресот изјавил дека поголемиот дел од 25-те милијарди долари се потрошени за муниција, а американскиот министер за одбрана Пит Хегсет не прецизирал дали во износот се вклучени трошоците за обнова на базите.

Според изворите на кои се повикува Си-ен-ен, Пентагон претходно го информирал Конгресот дека војната во првите денови чинела околу 11 милијарди долари, а се разгледува и дополнително финансирање, кое би можело да надмине 200 милијарди долари.

Функционерите наведуваат дека конечната процена на штетата сè уште не е утврдена и дека во обновата на американските воени објекти би можеле да учествуваат и партнерски земји.

Како што беше објавено вчера, висок функционер на Пентагон задолжен за финансии изјавил дека војната на САД во Иран досега чинела 25 милијарди долари, што претставува прва официјална процена на воените трошоци. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 1