Општини
МОК: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници
Во рамки на конференцијата „Препознавање на родово базирано насилство и механизмите за заштита на жените во спортот“, Македонскиот олимписки комитет беше претставен од Елена Зисовска Апостолска, која во своето обраќање истакна дека безбедноста, достоинството и заштитата на сите спортисти се темелни вредности на Интернационалниот олимписки комитет и Олимписката повелба.
Таа нагласи дека нема врвен и олимписки резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови чинители, и дека МОК ја има препознаено оваа тема како приоритет, со назначен офицер за заштита во спортот и тековен проект што ги опфаќа националните спортски федерации, со цел воспоставување конкретни механизми и политики за заштита.
Настанот отвори значајна дискусија за предизвиците и решенијата за поголема безбедност, еднаквост и заштита на жените во спортот.
април 30, 2026

