Connect with us

Фудбал

Модриќ оди на операција, но ќе биде подготвен за Мундијалот

Капитенот на хрватската репрезентација и фудбалер на Милан, Лука Модриќ ќе го пропушти остатокот од сезоната. На дуелот со Јувентус одигран синоќа дојде до случаен судир меѓу Модриќ и Мануел Локатели од Јувентус. Неколку минути подоцна Модриќ беше заменет.

По направените лекарски прегледи Милан и официјално потврди дека има скршеница на левата „јаболчница“ и дека е потребна операција, која треба да биде извршена во текот на денешниот ден, а клубот по операцијата ќе даде ново соопштение.

Клупската сезона за Модриќ е веќе завршена, но се очекува да биде подготвен за настап на Светското првенство и да ја предводи Хрватска, а натпреварите да ги игра со заштитна маска.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1