Фудбал
Триумф на Струга во дерби дуелот со Силекс
Првиот од двата денешни дуели од 29.коло заврши со победа на домашната екипа, односно Струга го совлада Силекс со 2:0. Ова воедно беше и дерби на колото и стружани сега имаат десет бодови предност на табелата пред кратовчани на четири кола до крајот на шампионатот.
Головите за победничката екипа го постигнаа Ламине Маудо во 21.минута и Христијан Малески во 57.минута.
Во вториот денешен дуел и последен од оваа рунда од 16 часот во Тетово, Шкендија е домаќин на Башкими.
Вардар е лидер на табелата со 71 бод, или четири повеќе од второпласираната Шкендија.
април 28, 2026

