Свет
Папата Лав XIV во Лима го осуди мачизмот и упати апел за еднакви права на жените
Папата Лав XIV пред насобраниот народ во главниот град на Перу, Лима, побара од верниците да се откажат од „мачо менталитетот“ и жените да имаат поголема улога во јавниот живот.
Тој ја критикуваше идеологијата на мачизмот, што е широко распространета во голем број јужноамерикански земји и низ целиот свет, и упати апел за еднакви права за жените.
– Нивниот придонес во сите сфери на општеството и црквата е незаменлив … во бракот и во семејниот живот, двајцата партнери мора да имаат еднакви права, наведе поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата Лав XIV ги осуди и сите форми на насилство врз жените.
Лав XIV е роден во САД, но има и перуанско државјанство, бидејќи бил мисионер и епископ во Перу 20 години пред да стане папа. Тој во Лима пристигна синоќа, а беше пречекан од околу три милиони луѓе.
ноември 13, 2026


