Connect with us

Фудбал

Башкими ја изненади Шкендија и славеше во Тетово

Екипата на Башкими направи изненадување откако во последниот натпревар од 29.коло попладнево ја совлада Шкендија со 3:2 и на тој начин тетовчани останаа со четири бодови зад лидерот Вардар. Шкендија има 67 бодови, а Вардар е лидер со 71. Башкими со денешната победа ја прекинаа серијата од четири натпревари без триумф и со 40 бодови е на шестото место.

Натпреварот почна со гол за Шкендија во 5.минута, а стрелец на голот беше Фабрис Тамба. Но, гостите брзо изедначија и во 9.минута беше 1:1 по голот на Емануел Аворнио. Башкими до предност дојде во 35.минута откако Никел Ор го постигна првиот од своите два гола, а во 39.минута ја зголеми предноста на својата екипа за водство од 3:1.

Во вториот дел Шкендија намали со голот на капитенот Бесарт Ибраими во 65.минута. Во финишот на дуелот Ибраими постигна уште еден гол, но поради офсајд беше поништен.

На првиот дуел одигран денеска Струга го совлада Силекс со 2:0 и се зацврсти на третото место со 62 бода, пред кратовчани со 52.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4