Connect with us

Фудбал

Ираола седнува на клупата на премиерлигаш од Лондон

Шпанскиот фудбалски тренер Андони Ираола е најсериозниот кандидат да биде нов менаџер на премиерлигашот од Лондон, Челзи. Шпанецот во моментов е на менаџерската позиција во Борнмут, но најави дека на крајот од сезоната ќе замине.

„Сините“ од Лондон по серијата слаби резултати најпрво сезонава го отпуштија Енцо Мареска, а пред неколку дена и неговата замена Лиам Росениор. Како привремено решение до крајот на сезоната ќе биде Калум Мекфарлан.

Менаџерската позиција на Челзи според информациите од Англија ја одбиле Френк Лампард и Сеск Фабрегас, а во конкуренција се Оливер Гласнер, Чаби Алонсо, Марко Силва и Јулијан Нагелсман. Но, Шпанецот има некој вид предност.

Интересно е и тоа што и Манчестер Јунајтед има интерес на менаџерската позиција да го постави Ираола.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2