Connect with us

Фудбал

Мурињо по завршување на сезоната ќе донесе одлука за евентуално враќање во Реал

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе одлучи по завршувањето на сезоната дали ќе остане тренер на Бенфика.
„Не сакам да кажам ништо повеќе за ова прашање. Веќе кажав што имав да кажам во врска со Бенфика и нема да давам други коментари. Сите ја знаат ситуацијата многу добро. Кога ќе заврши сезоната, ќе имаме 10 денови да одлучиме дали ќе продолжиме или ќе се разделиме“, изјави Мурињо за ЕСПН.
Дел од шпанските медиуми претходно навестија дека 63-годишниот Мурињо би можел да се врати во Реал Мадрид на лето.
Сегашниот предводник на Кралскиот клуб, ќе остане на клупата до крајот на сезоната по што ќе се повлече од должноста.
Мурињо беше на чело на Реал од 2010 до 2013 година, освојувајќи ја титулата во Ла Лига, Купот на Кралот и шпанскиот Суперкуп.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2