Connect with us

Фудбал

Сорлот и Горецка пред трансфер во Милан

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Александар Сорлот, и играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, се согласија да ja продолжат кариерата во Милан, објави денеска весникот „Ла Газета дело Спорт“.

Италијанскиот клуб му понуди на Горецка тригодишен договор со опција за дополнителна сезона. Триесетиедногодишниот германски репрезентативец навести дека сака да одлучи за својата иднина пред Светското првенство, но побара дополнително време до крајот на сезоната во Бундеслигата и финалето во Лигата на шампиони доколку Баерн го мине полуфиналето.

Сорлот е, исто така, заинтересиран да се приклучи на Милан, но мора да се договори за евентуалниот трансфер со Атлетико Мадрид. Се очекува почетната понуда на Милан да изнесува 20 милиони евра плус бонуси.

Сорлот му се приклучи на Атлетико во 2024 година и договорот на 30-годишниот норвешки напаѓач со мадридскиот клуб важи до лето 2028 година.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2