Connect with us

Фудбал

Арбелоа незадоволен од судењето по ремито со Бетис

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изрази незадоволство од судењето на синоќешниот натпревар против Бетис на гостински терен што заврши без победник 1:1.

Реал со освоениот бод дополнително се оддалечи од трката за шампионската титула во шпанското првенство, заостанувајќи осум бодови зад лидерот Барселона, која има и натпревар помалку на шест кола до крајот на сезоната.

Арбелоа во изјава за шпанските медиуми по натпреварот со Бетис рече дека на голот на домашниот тим во последната минута од натпреварот му претходел чист фаул врз Ферланд Менди што не бил досуден.

„Да, за мене е многу јасно. Понекогаш е потребно многу малку за телото да биде исфрлено од рамнотежа и да паднете. За да го видите тоа, мора да имате познавање од фудбалот, а ние имаме сериозен проблем тука, пред сè со луѓето кои мора да ги донесат тие одлуки. Тие ниту го познаваат ниту го разбираат фудбалот, рече Арбелоа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1