Фудбал
Ноер донесе одлука за својата иднина
Голманот на Баерн Мануел Ноер донесе одлука за својата иднина, особено што се појавија информации дека можен е трансфер во Премиер лигата. Интерес за Ноер имаше од премиерлигашот Брајтон.
Сепак, 40.годишниот Ноер и следната сезона ќе биде на голот на германскиот првак и додаде дека има и јасен план Угриг во следната сезона да има повеќе минути на терен и по заминувањето на Ноер да биде број 1 кај „баварците“. На тој начин сите страни се задоволни.
Ноер за едногодишната верност ќе добие и подобри услови.
Тој во Баерн е 15 сезони и дојде во клубот во 2011 година од Шалке за 30 милиони евра. Сезонава бранеше на 34 натпревари и прими 33 гола.
Баерн во полуфиналето од Лига шампиони ќе игра против европскиот првак ПСЖ, а во финалето на германскиот куп противник им е Штутгарт
април 25, 2026

