Connect with us

Фудбал

Арсими убедлив во дуелот со последниот Шкупи

Екипата на Арсими оствари рутинска победа против Шкупи во Гостивар, освојувајќи три нови бода по триумфот од 5:1 во првиот натпревар од 29. коло на ПФЛ. Домашните фудбалери беа доминантни во текот на целиот натпревар.

Уште во првата посериозна акција, Арсими изнуди пенал по прекршокот на Јакуп Семиху врз Албин Рамадани во казнениот простор. Сигурен реализатор од белата точка беше токму Рамадани во 15. минута. Стрелец на вториот гол беше Бесарт Реџепи што беше резултат по првиот дел.

Шкупи беше тимот кој прв постигна гол во второто полувреме. По една мешаница во шеснаесетникот на домашните, Нијази Нухиа успеа да ја намали предноста на 2:1 во 49. минута. Во 68. минута, Ремзифаик Селмани зголеми на 3:1, казнувајќи ја лошата реакција на гостинската одбрана. Финишот му припадна на Флорент Османи, кој во 72. минута го постигна својот прв гол во Првата лига за 4:1, а само четири минути подоцна (76), ги постави конечните 5:1 со својот втор погодок на натпреварот.

Утре се игра дуелот Македонија ЃП – Работнички, а во недела се дуелите: Брера АП – Пелистер и Вардар – Тиквеш. Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварите: Струга – Силекс и Шкендија – Башкими.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1