Connect with us

Фудбал

УЕФА го казни Престијани со шест натпревари

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го суспендираше денеска крилниот напаѓач на Бенфика, Џанлука Престијани, на шест натпревари, од кои три условно, поради дискриминаторско и хомофобично однесување.

„Телото за контрола, етика и дисциплина на УЕФА одлучи да го суспендира играчот на Бенфика, Џанлука Престијани, на вкупно шест клупски или репрезентативни натпревари поради дискриминаторско, односно хомофобично однесување. Суспензијата за три од овие натпревари е предмет на пробен период од две години, почнувајќи од датумот на оваа одлука“ објави УЕФА.

Бидејќи веќе отслужи еден натпревар од казната, Аргентинецот Престијани ќе мора да отсуствува уште два натпревари во европските натпреварувања или во дресот на националниот тим, под услов да не го повтори делото во рок од две години.

Бразилскиот репрезентативец Винисиус го обвини Престијани за расизам за време на првиот натпревар од плејофот во Лигата на шампионите одигран во Лисабон. Натпреварот, кој Реал Мадрид го доби со 1-0, беше прекинат околу десет минути откако Винисиус се пожали дека Аргентинецот, наводно, го нарекол мајмун.

Престијани ги негираше обвинувањата на својот Инстаграм профил по натпреварот. Во објавата, тој посочи дека никогаш не изговорил расистички навреди и рече дека ќе соработува со властите за да се утврди вистината.

УЕФА побара од ФИФА да ја продолжи суспензијата глобално, што значи дека Престијани би можел да го пропушти претстојното Светско првенство. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3