Вести
Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk повторно е во функција
Министерството за дигитална трансформација ја извести јавноста дека Националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk, е повторно оперативен.
“Со завршувањето на активностите за техничка интервенција и надградба на опремата, овозможено е повторно нормално функционирање на порталот и достапност на електронските услуги за граѓаните”, се наведува во соопштението.
Од Министерството изразуваат благодарност до граѓаните за покажаното трпение и разбирање за време на привремената недостапност. Тие, исто така, наведуваат дека “остануваат посветено на обезбедување сигурни, стабилни и достапни дигитални услуги”.
април 21, 2026

