Connect with us

Вести

Акција „Идентитет“: Фалсификувале документи за бугарско потекло, уапсени администраторот на Острени, неговиот претходник и жител на Софија

Албанската полиција ја финализраше операција под кодно име „идентитет“, која траела околу еден месец, со посебни истражни методи, по сознанија за издавање фалсфикувани документи, на албански државјани, за „бугарско потекло“ во областа Голо Брдо, која територијално припаѓа на Општина Булќиза.

Уапсени се актуелниот администратор на административната единица Острени, Ндричим Суља (53), како и неговиот претходник, Бајрам Мета (62), кои ќе бидат кривично гонети за злоупотреба на службена должност и фалсификување документи. 

-Двајцата, при вршење на своите службени должности, се осомничени дека сториле дела спротивни на законот, со издавање и фалсификување документи за граѓански статус за разни лица, со цел добивање бугарски пасоши, стои во полициското соопштение.

Исто така на градничниот премин „Блато“, кај Дебар, на излез од Албанија, уапсено е лицето Е.Т. (49) жител на Софија, откако се обидел да ја премине границата со фалсификувани документи за 21 албански граѓанин, со цел да им обезбеди бугарски пасоши. 

– Споменатите лица фалсификувале документи за граѓански статус, со цел да им обезбедат, на разни лица, уверенија како да се жители на административната единица Острени, а потоа овие документи, во соработка со Е.Т. ги префрлале во Бугарија, со цел да им обезбедат бугарски пасоши. Во акцијата беа вклучени и припадниците на специјалната единица „Ренеа“, кои, во зградата на општина Булќиза, вршат контрола на документи што ќе послужат во истрагите во врска со ова прашање, наведува полицијата.

Додава дека истрагите се во тек за целосно правно документирање на овој случај, како и за идентификација и правна одговорност на други лица вмешани во оваа нелегална активност.

Областа Голо Брдо опфаќа 22 населени места, од кои во 18 живеат Македонци, додека  останите четри села се со мешан состав на населението

Маркетинг
Ad 4
Ad 1