Свет
Полска и Франција ќе изградат сателит за полската армија
Полскиот премиер Доналд Туск на денешната средба во Гдањск со францускиот претседател Емануел Макрон, најавија дека Франција и Полска ќе изградат телекомуникациски сателит за полските вооружени сили.
Француските компании „Талес Алениа Спејс“, „Ербас Дифенс енд Спејс“ и полската фирма „РАДМОР“ заеднички ќе развијат сателит, што ќе биде поставен во геостационарна орбита и ќе поддржува воени комуникации за полските вооружени сили.
Туск и Макрон не наведоа колку ќе чини проектот.
Во соопштението од компаниите се наведува дека сателитот е дел од Планот за подготвеност на Европската комисија, кој има за цел да го подготви континентот да преземе целосна одговорност за сопствената одбрана до 2030 година.
За разлика од сателитите Старлинк, кои се во ниска Земјина орбита, сателит во геостационарна орбита може да покрие огромни области од фиксна позиција повеќе од 30.000 километри над Земјата, иако со помали брзини на пренос.
април 21, 2026

