Connect with us

Свет

Иран: Ормуската Теснина практично е повторно затворена

Иран, преку своите државни медиуми, објави дека Ормушката теснина е практично повторно затворена. Според иранските тврдења, причина за тоа е непочитувањето на договорот од страна на Соединетите Американски Држави.

Овој потег од Техеран имплицира дека САД продолжуваат со блокирање на пловидбата кон и од иранските пристаништа, според извештаите на Би-Би-Си.

Официјалните претставници од Иран сега изјавуваат дека ситуацијата се враќа во состојба слична на онаа пред неколку денови, кога теснината беше под строг надзор на иранската војска.

Пред неколку дена, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се согласил со речиси сите негови барања, вклучително и предавање на резервите на високо збогатен ураниум, што Иран го демантираше.

Трамп, исто така, сугерираше дека би можел да биде на пат историски договор со Техеран.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1