Connect with us

Кошарка

НБА: Тренерот со рекорден број победи Док Риверс најави пензионирање

Стратегот на НБА лигашот Милвоки, Док Риверс, навести дека ќе стави крај на тренерската кариера по завршување на актуелната сезона.
„Нема конкретно да одговорам на тоа прашање, но имам внуци кои сакам да ги гледам. Ќе го кажам вака и ќе ви дозволам сами да протолкувате“, изјави Риверс одговарајќи на новинарско прашање околу за иднина како тренер.
„Имам седум внуци и сите имаат осум години и помалку. Ме убива секој пат кога ќе пропуштам нешто … Веројатно е време да ги гледам повеќе“, додаде 64-годишниот тренер на Милвоки.
Риверс меѓу активните тренери има најмногу победи во НБА лигата и се наоѓа на шестото место на вечната листа.
Само Грег Попович, Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Џери Слоун и Пет Рајли имаат повеќе тренерски победи од Риверс, кој освои титула во НБА како тренер на Бостон во 2008 година.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4