Connect with us

Вести

АНБ незаконски ги следела и прислушувала Мицкоски, Русковска, Златев, Ландов…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како главна цел, поранешната контроверзна обвинителка Вилма Русковска, како и новинарите Љупчо Златев и Кристијан Ландов се дел од луѓето што биле незаконски следени и прислушувани за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, објави „Плусинфо„. Според порталот, ова се само дел од имињата на луѓето кои АНБ, под раководната палка на екс-директорите Виктор Димовски и Зарко Милошевски незаконски биле следени и прислушкувани. Неофицијалано списокот е многу поголем.

Иако аферата е обелоденета уште пред три дена, засега нема никаква реакција од Обвинителството. Инаку, сегашното раководство на Агенцијата за национална безбедност, по внатрешната контрола, уште пред еден месец испратила до обвинителите три известувања дека претходниците во агенијата, наместо да ловат терористи и да спречуваат останати закани по безбедноста, отварале предмети и ги следеле лидерот на опозициската партија, еден јавен обвинител, бивш министер, новинари и медиуми. Според некои извештаи, мала група во АНБ „ја киднапирала“ институцијата и ги користела ресурсите за лични и политички цели, вклучително и за влијание врз притвори и како и издавање на безбедносни сертификати. Во тој период јавен обвинител беше Љубомир Јовевски, но надележен за проверка на посебните мерки бил сегашниот шеф на обвинителството Љупчо Коцевски.

Премиерот Мицкоски уште лани во декември предупреди за време на техничката Влада во 2020-та година, тој, но и неговата сопруга и двата сина биле следени во чекор, а како причина било наведено дека бил инспиратор и финансиер на параполициска воена формација составена од радикални националисти.

-Она што е интересно од тоа што можам да го кажам и да го споделам со јавноста е дека овие списи, извештаи или како да ги наречам дебрифинзи, се креирани на почетокот на 2020 година кога е изборна година. Замислете, една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која е, располага со вакви информации во кои што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури вооружени, а притоа не го информирала МВР. И се поставува прашањето зошто не го информирала. Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше г. Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин преку монтажа да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент – ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски лани на 27-ми декември.

АНБ преку известувањата бара обвинителствоо да ја преиспита работата на еден поранешен директор и група вработени во Агенцијата поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување во перидот од 2019 до 2024 година.  Доколку се потврдат најновите индиции на АНБ, ова ќе биде втора голема линија на незаконско следење после таа од 2015 година. Тогаш СДСМ како опозициска партија, ги искористи прислушкуваните разговори за да го сруши ВМРО-ДПМНЕ и дојде на власт.