Connect with us

Свет

Два милиони евра помош од ЕУ за Куба

Европска Унија ќе им обезбеди дополнителна хуманитарна помош во висина од два милиона евра (2,3 милиони долари) за Куба во услови на растечка енергетска криза, објави денеска Европската комисија.

– ЕУ е со народот на Куба кога е потребно, изјави во еврокомесарот за кризи, Хаџа Лабиб.

Средствата од ЕУ ќе бидат доставени на доставено на хуманитарните организации за поддршка на испораките на храна и дистрибуцијата на вода за пиење.

Куба со години се соочува со тешка економска криза, која се влоши во изминатите три месеци поради ембаргото на нафта од САД. По апсењето на претседателот нна Венцуела Николас Мадуро на почетокот на годината, Куба го загуби својот главен снабдувач со нафта.

ЕУ веќе одобри четири милиони евра за карипскиот регион за 2026 година. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 2