Connect with us

Свет

Кремљ: Зеленски уште денеска треба да одлучи за повлекувањето на украинските сили од Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да донесе одлука за повлекување на украинските вооружени сили од Донбас, што требаше да го направи уште „вчера“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Што се однесува до два месеца, не станува збор за двата месеца. Зеленски уште денеска мора да донесе одлука украинските трупи да го напуштат Донбас и да ја преминат административната граница на Донецката Народна Република. Тоа е кажано неколкупати“, изјави Песков пред новинарите одговарајќи на прашањето дали има услови што Москва му ги дала на Киев за повлекување, пренесуваат руските медиуми.

Песков додаде дека Зеленски таквата одлука требало да ја донесе уште „вчера“.

„Како што разговаравме, тој треба да ја преземе одговорноста и да донесе толку тешка одлука. Ова би можело да им ги спаси животите на многу луѓе. И, најважно, да се помогне во запирањето на жешката фаза од оваа војна“, додаде Песков.

Според него, паузата во трилатералните преговори за украинското решение е последица на фактот што американските преговарачи се преокупирани со ситуацијата на Блискиот Исток.

„Паузата во трилатералните преговори за Украина не е поврзана со очекувањето за исполнување на условите за повлекување на украинските вооружени сили од територијата на Донбас“, додаде тој.

Зеленски претходно изјави дека Москва му дала на Киев два месеца да ги повлече своите вооружени сили од Донбас и додаде дека во спротивно условите на мировниот договор ќе се променат на полошо за Украина.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4