Connect with us

Свет

Аеродромот во Кувајт нападнат со дронови

Резервоари за гориво на меѓународниот аеродром во Кувајт беа цел на напади со дронови, што предизвика пожар на локацијата, соопштија аеродромските власти рано утрово.

Властите наведоа дека Иран стои зад нападот, додавајќи дека службите за итни интервенции се распоредени на терен. Според првичните наоди, гранатирањето предизвикало само материјална штета и нема извештаи за жртви.

Израел и САД го напаѓаат Иран од 28 февруари, при што Иран одговара со напади врз Израел и американските сојузници во регионот на Заливот. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 4