Општини
Реконструкција на просторот околу плоштадот кај Стариот чинар во Охрид
Во тек се градежни активности за реконструкцијата на просторот околу плоштадот кај Стариот чинар во Охрид
Како што посочуваат од Општина Охрид, во оваа фаза од зафатите предвидено е ново партерно уредување со гранитни плочки, поставување модерно јавно осветлување и современа урбана опрема. Исто така, предвидено е и соодветно хортикултурно уредување на просторот.
Вредноста на проектот е 45 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
март 31, 2026

