Connect with us

Општини

МАКП и АЗЛП со заеднички напори за посилна корпоративна заштита на личните податоци

„Заштитата на личните податоци од сите агли, од регулатива до пракса“ е во фокусот на настанот посветен на современите предизвици во заштитата на личните податоци во корпоративното работење што се одржува денеска во организација на Македонската асоцијација на корпоративни правници и Агенцијата за заштита на личните податоци.

Настанот што се одржува во Chateau Sopot во Велес ги обедини формалната обука и практичните дискусии со цел да ја поврзе законската рамка со нејзината реална примена во деловните процеси.

Преку сесии и дебати водени од експерти од областа, учесниците имаа можност да се запознаат со критичните аспекти на управувањето со приватноста, меѓу кои менаџирањето со ризици, инспекцискиот надзор и специфичните прашања што произлегуваат од сѐ поголемата употреба на вештачка интелигенција во бизнис средината.

Организаторите посочија дека целта на настанот кој е поддржан од EOS Matrix Македонија, е учесниците директно да стекнат применливо знаење во областа на приватноста во работните односи и дигиталната сфера, што ќе им помогне во носењето сигурни и законски усогласени деловни одлуки. 

Претседателот на Македонската асоцијација на корпоративни правници, Иван Петрушевски, и заменик директорката на Агенцијата за заштита на личните податоци, Елена Велјановска, ја нагласија важноста од вакви партнерства. Од Агенцијата истакнаа дека ја препознаваат МАКП како силен соработник во исполнувањето на зацртаните цели и законските обврски во областа на заштитата на личните податоци.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2