Општини
Трипуновски од Радовиш: Преку партнерски однос со земјоделците до раст на домашното производство
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро” вечерва со земјоделците од Радовишко, дикутирале за годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството
-Вечерва во Општина Радовиш се одржа четвртата трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”. Дискутиравме за актуелната состојба и детално ја појаснивме Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, објави министерот Трипуновски на неговиот официјален фејсбук профил.

Во наредниот период, се додава во објавата, ќе продолжиме со посетите по општините, за да ги сослушаме полјоделците, овоштарите, сточарите, тутунарите. Заедно да ја постигнеме заедничката цел, да се зголеми домашното производство.
-Само преку партнерски однос можеме да креираме политики што ќе донесат резултати во земјоделството, порача министерот за земјоделство Трипуновски.
март 29, 2026

