Свет
Стејт департментот обезбедува 25 милиони долари за враќање на присилно раселените украински деца
Американскиот Стејт департмент ќе обезбеди 25 милиони долари помош за поддршка на идентификацијата, враќањето и рехабилитацијата на украинските деца и млади кои биле присилно раселени или на друг начин одвоени од нивните семејства и заедници.
Новата финансиска помош на САД ќе биде обезбедена преку два вида програми, објави Стејт департментот.
САД ќе им помогнат на доверливите партнери да ги идентификуваат и лоцираат децата кои биле насилно отстранети од своите домови, што е „клучен чекор во поддршката на дипломатските и другите напори за олеснување на нивното враќање“.
Исто така, со програмите ќе се поддржат украинската Влада и локалните партнери да им обезбедат на вратените деца заштита и поддршка што им е потребна за да санираат траумите.
Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американскиот претседател Доналд Трамп „јасно стави до знаење дека трагичното крвопролевање во Украина мора да престане“ и дека неговата администрација останува целосно посветена на обезбедување траен мир.
„Стејт департментот продолжува да ги поддржува напорите на претседателот Трамп за постигнување траен мир и просперитет во Украина преку нови програми за помош за враќање на украинските деца кои беа присилно преселени на територии под руска контрола“, се навдува во соопштението, додавајќи дека САД финансираат десетици програми за помош за спасување на цивилите погодени од насилството.
Украинските власти тврдат дека од почетокот на војната во 2022 година околу 20.000 деца биле присилно однесени во Русија и Белорусија, што Москва го негира.
март 28, 2026

