Connect with us

Општини

Градоначалникот на Охрид, Пецаков, се сретна со амбасадорот на БиХ, Јаќимовиќ

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.

Пецаков на средбата ја посочил улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид како важен исчекор во унапредувањето на пријателските и билатералните односи помеѓу двете држави.

На средбата градоначалникот и амбасадорот разговарале за заложбите за продлабочување на соработката во повеќе области, како и за промоција на потенцијалите на Охрид на туристичкиот пазар во Босна и Херцеговина, информираат од Општина Охрид.

Воедно, информираат дека на средбата Пецаков му доделил благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1