Connect with us

Општини

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, во работна посета на Куманово

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, денеска ја посети општина Куманово и се сретна со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. На средбата, како што информираат од Општината, се разговарало за тековните реализирани проекти со поддршка на ЕУ.

– Денеска, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, и заменик-амбасадорот Бен Нупнау во рамките на предвидената работна посета на Куманово. На работната средба се дискутира за реализирани и тековни проекти со поддршка на ЕУ, значајни за развој на локалната заедница. Беше споделено обостраното задоволство од меѓусебните односи, кое ќе се одржува преку континуирана соработка и дијалог, со цел спроведување проектни активности во сите општествени области – наведуваат од Општината.

Евроамбасадорот одржа средба и со членовите на Советот на Општина Куманово, на која се разговараше на актуелни теми, со акцент на соработката со ЕУ и бенефит од спроведените проекти, кои имаат огромно значење за граѓаните на локалната самоуправа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3