Connect with us

Општини

Градоначалникот Тони Коњановски со јавна поддршка на кампањата за одвикнување од пушење и борба против овој порок

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, искажа јавна поддршка на кампањата за одвикнување од пушење, која денеска беше акцентирана на работилница за зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. 

Настанот, организиран Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и Центарот за семејна медицина, претставува продолжение на посетите реализирани во декември 2025 година, информираа од Општина Битола.

– Работилниците се организираат во контекст на новиот предлог-закон за заштита од пушење и програмите за јавно здравје, со цел подобрување на координацијата и активностите на локално ниво. Целта на работилницата е да се поттикне дијалог и координација меѓу локалните институции и да се подготви акциски план на ниво на Општина Битола за 2026 година за зајакнување на активностите за контрола на тутунот, со посебен фокус на унапредување на работата и видливост на советувалиштата за одвикнување од пушење и подобро информирање на населението за достапните услуги. Како градоначалник на Битола, но и како доктор епидемиолог, ја искажав подготвеноста, и лична и на локалната самоуправа, за уште поголем акцент во кампањите против овој порок. Општина Битола има успешна соработка и со канцеларијата на СЗО во Македонија, Министерството за здравство и со Центарот за јавно здравје – Битола, во кој неколку години функционира советувалиштето за одвикнување од пушењето – истакна градоначалникот Коњановски

Маркетинг
Ad 2
Ad 3