Connect with us

Општини

Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип одбележува 19 години постоење

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска одбележа 19 години постоење, како симбол на посветена работа и развој во високото образование. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски денеска рече дека низ 12 факултети и трите академии поминале над 35.000 студенти, а во моментов бројот на активни студенти изнесува околу 8.000 на сите три циклуси студии. Посочи дека Универзитет „Гоце Делчев“-Штип  од една идеја прераснал во модерен универзитет со јасна визија и европски стандарди. Мираковски додаде дека УГД-Штип претставува место каде младите не само што стекнуваат знаења, туку и ги реализираат своите идеи и потенцијали за успех. 

– Добредојдовте на свечената академија по повод 19 години од основањето на УГД Штип. Денеска го славиме датумот во кој од една идеја, имаме со јасна визија нова институција, која навистина претставува европски Универзитет, место каде што не само нашите студенти добиваат знаења, туку место каде што може да направат да ги реализираат своите идеи и идеи, кои што можат да станат навистина успешни млади луѓе и гордост за целата нација. Ми претставува задоволство што имаме успешно заокружување и на оваа 19. година од основањето. Имавме навистина плодотворна недела, во која што имавме гости од сите осум универзитети од европската универзитетска алијанса – рече Мираковски.

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов истакна дека УГД во изминатите 19 години создал голема вредност во градот, бидејќи како што кажа, има големи придобивки, особено од локален економски аспект.

– Деветнаесет години развој на универзитетот, кој создаде вредност во нашиот град, а како се развива тој, се развива и градот. Поразличен е од локален економски аспект со отворањето на УГД, а мене ми е уште повеќе драго што оваа 19-та година од постоењето, можеме да бележиме и дополнителни промени во позитивна насока. Членувањето во европската асоцијацијација на универзитети, даваат дополнителна вредност на универзитетот. Даваат можност за размена на студенти – рече Јорданов.

Студентите, кои воедно беа и  домаќини на настанот во економскиот факултет, истакнаа дека судирањето на овој универзитет има посебно значење за нив, бидејќи нивните знаења потоа им отвораат нови можности за работа.

– Студирањето беше полно со предизвици, но и со многу можности. Јас учествував како теоријата се претвора во акција, но и исто така универзитетот ни нуди учество на научни конференции, каде што ние учиме како научниот труд се претвора во дел од научниот дијалог – изјави најдобриот студент на УГД-Штип, Галена Ризанкова.

Михајло Мирасчиев, студент на УГД Штип вели дека одбележувањето на 19 години постоење на штипскиот Универзитет „Гоце Делче“ не претставува само симболична бројка, туку ја искажува симбиозата помеѓу тоа како професорите работата и како студентите живеат со овој универзитет. 

– Универзитетот е многу повеќе од образование. Можам слободно да кажам дека сум горд што сум дел од овој Универзитет, а воедно и како претседател на студентско оргганизираната асоцијација СОМА – рече Мирасчиев.

Инаку, настанот се одржа во амфитеаторот на Економскиот факултет, а присуствуваа голем број професори, студенти, претставници од локалната самоуправа, Владата и од останатите општини.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4