Општини
Отстранети 90 нефункционални возила од јавни површини во Струга, акцијата продолжува
Околу 90 стари, хаварисани и нефункционални возила се отстранети од јавните површини во Струга во рамките на акцијата на Општината за создавање урбан ред во градот.
Акцијата, како што посочува Општина Струга, продолжува и во наредниот период. Апелираат до граѓаните да ги пријават возилата што сè уште не се отстранети и да соработуваат со институциите за оваа иницијатива да биде уште поуспешна.

– Заедно можеме да создадеме почист, поуреден и поубав град за сите. Јавните простори се на сите – не ги узурпирајте, посочува Општина Струга.


