Connect with us

Останати спортови

Одбојкарките на Вардар ЕМ први финалистки во Купот

Одбојкарките на Вардар ЕМ со победата од 3:0 во сетови (25:21; 25:16 и 25:14) во полуфиналето на Купот против Газели Волеј обезбедија пласман во финалето. „Црвено-црните“ доминираа во текот на целиот натпревар, а единствено неизвесност имаше во првиот сет.

Во второто полуфинале од 19:30 часот играат Наковски Волеј и Младост УГД.

Утре на програмата се двата полуфинални дуели кај мажите: Штип УГД – Струмица (почеток 17:30 часот) и Борец – Работнички (почеток 19:30 часот).

Финалните натпревари ќе се играат в сабота (СЦ Јане Сандански). Женското финале почнува во 17:30 часот, а машкото во 19:30 часот. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3