Connect with us

Свет

Турција воведе строги правила: Забрана за пакувања на храна во форма на черепи, очи и оружје

Турското Министерство за земјоделство и шумарство воведе нови правила со кои се ограничува употребата на одредени форми, дизајни и прикази на пакувањата на прехранбените производи и пијалоците, кои се сметаат за несоодветни за развојот на младите, објави „Хуриет дејли њуз“.

Според новата регулатива, пакувањата кои можат негативно да влијаат врз физичкиот, психичкиот и социјалниот развој на децата преку својот изглед или маркетинг, повеќе нема да бидат дозволени на турскиот пазар. Властите ќе ги оценуваат производите во целост, земајќи ги предвид дизајнот, содржината на рекламата и целната група на која и се пласира производот.

Регулативата конкретно ја забранува употребата на елементи кои наликуваат на оружје или делови од телото – вклучувајќи черепи, мозоци, очи, усни и стапала – како и предмети како тоалетни школки и слично.

Дополнително, се воведуваат и нови барања за транспарентност во угостителските објекти. Бизнисите сега мора јасно да ја истакнат листата на состојки и енергетската вредност на храната преку видливи менија, табли, дигитални екрани или Кју-Ар (QR) кодови. Алергените, содржината на алкохол и сите состојки со потекло од свинско месо, исто така, мора да бидат јасно означени.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3