Connect with us

Свет

Норвешка и Исланд се приклучија на Европскиот систем за сателитска размена на податоци

Норвешка и Исланд од денеска се дел од системот на ЕУ за брза размена на чувствителни податоци преку сателитска врска.

По церемонијата за потпишувањето на договорите одржана во седиштето на Европската комисија во Брисел, еврокомесарот за одбрана Андрус Кубилиус истакна дека се работи за чекор во насока на зајакување на европската безбедност.

„Ваквите сателитски врски се клучни за одбраната и разузнавањето, особено поради руските активности“, рече Кубилиус.

Тој додаде дека вселената станува дел од современата воена доктрина, а војната во Украина ја покажала важноста на услугите како оние што ги обезбедува „Старлинк“. Според него, новиот европски систем за сателитска размена на податоци ќе биде подобар и поефикасен.

На прашање за услугите на „Старлинк“ во Украина, Кубилиус изрази надеж дека тие нема да прекинат. Доколку тоа се случи, тој посочи дека ЕУ може да им помогне на Украинците преку други решенија.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1