Општини
Во Пробиштип труење на бездомни животни, проблемот ќе се решава со изградба на регионален стационар
На територија на Општина Пробиштип забележено е труење на бездомни животни и домашни миленици. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски го осудува овој настан и посочи дека случајот е пријавен во Полициската станица. Општина Пробиштип оваа година на граѓаните им нуди и за прв пат субвенции за стерелизација на домашните миленици.
-Ние како институција ги викнавме оштетените луѓе, дојдоа на разговор. Ги информиравме претставниците на МВР, постапката т.е истрагата е во тек да се пронајде непознатиот сторител и би апелирал до сите да се воздржат од какви било инциденти, бидејќи ние како Општина имаме план како да ги решиме проблемите што ги имаме со бездомните кучиња- рече Тоневски.
Тој истакна дека проблемот со бездомните животни ќе се решава на ниво на регион, односно Советот на градоначалници на Источно планскиот регион веќе имаат аплицирано за добивање на средства за изградба на регионален стационар, во кој ќе бидат згрижени бездомните животни.
март 27, 2026

