Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шест дена молчи заглавен во промашени ПР-стратегии под диктат на Башановиќ и Шчекиќ

СДС и Венко Филипче шест дена кукавички молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Молкот на СДС не е ништо друго, освен директна потврда дека врските постојат. Наместо да излезат пред јавноста и јасно да одговорат, тие се кријат зад демагогија и евтини манипулации, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегално.

СДС е заглавен во погрешни и промашени ПР-стратегии диктирани од странски советници, Башановиќ и Шчекиќ го водат СДС директно на дното без автентична политика и јасни ставови, СДС е тотално без концепт и отуѓен од народот.

ПР-стратегијата што ја следат, под влијание на Башановиќ и Шчекиќ, не само што е промашена, туку ја турка партијата кон политички амбис. Наместо да понудат визија и решенија, тие се занимаваат со интриги и дезинформации.

СДС нема капацитет, ниту визија за општествените случувања, само клевети и напади преку неосновани прес-конференции.

СДС со неодговорното и недостоинствено однесување ќе доживее дебакл, а Венко Филипче ќе остане запаметен како симбол на неуспехот и распадот на партијата.

Молкот од СДС е најгласното признание дека немаат аргументи, концепт и идеи за развој на државата.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2