Connect with us

Политика

Манасиевски: СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ, со молкот само ги потврдуваат нашите тези за нивната поврзаност

СДС и Филипче 5 дена не ја негираат соработката со Башановиќ и Милјан Шчекиќ.

Или да се изразиме подиректно, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, преку официјалниот меил на СДС, не ја демантираат соработката со СДС.

СДС, Венко Филипче, Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ молчат, а со нивниот молк само ги потврдуваат нашите тези за нивната соработка.

Фалименто соопштенијата, неоснованите прес-конференции и клеветничките говори на СДС и на Филипче се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само тонат се повеќе и повеќе.

Лошите ПР лекции кои Башановиќ и Шчекиќ им ги даваат на СДС и Филипче, ги прави да бидат неконкурентни на политичката сцена и ги прави да бидат неконструктивна опозиција.

Со ваквиот однос СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови, а Венко Филипче ќе биде запаметен како човекот кој ја уништил СДС.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1