Свет
Во Индонезија регистрирани две ерупции на вулканот Семеру
Во Индонезија се регистрирани две нови ерупции на вулканот Семеру во покраината Источна Јава, која се наоѓа во централниот дел на островската земја, објави индонезиска новинска агенција.
По ерупцијата, вулканска пепел беше исфрлена на висина од 1.000 метри над кратерот на вулканот, или 4.676 метри надморска височина, ширејќи се многу брзо кон север и североисток.
Индонезискиот центар за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи ги повика локалните жители и туристите да бидат внимателни.
„На јавноста исто така ѝ е забрането да се приближува до кратерот Семеру во радиус од пет километри, бидејќи постои опасност од исфрлање на жешки вулкански карпи“, предупреди агенцијата.
Семеру е четвртиот највисок вулкан во Индонезија (3,6 км надморска височина) и највисок на островот Јава.
Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот и се состои од 18.000 острови, се наоѓа во таканаречениот пацифички „Огнен прстен“, кој се карактеризира со зголемена сеизмичка активност. Во земјата има вкупно 500 вулкани, од кои 130 се активни.
март 21, 2026

