Connect with us

Култура

Во сабота трето издание на „Гевгелија Денс Фест“

Tретото издание на натпреварот по танц „Гевгелија Денс Фест“ ќе се одржи оваа сабота, во организација на танцовото студио “Мистик”. Младите танчери ќе настапат во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија, со почеток во 10 часот, а според организаторте оваа година интересот за учество е зголемен и се очекува да продефилираат 630 учесници, во различни танцови категории и возрасни групи.

Натпреварот ќе има меѓународен карактер, со учество на танчери и судии од Македонија и Србија.

– „Гевгелија Денс Фест“ има за цел да го поттикне развојот на танцовата уметност, да им овозможи на младите танчери простор за изразување и натпреварување, како и да придонесе за збогатување на културниот живот во градот, велат организаторите.

Настанот е поддржан од Општина Гевгелија преку програмата за култура, како манифестација која дава придонес во развојот на културните и младинските иницијативи во градот.

Влезот за децата до 8 години е бесплатен, а за останатите посетители ќе бидат достапни билети по цена од 200 денари, кои ќе се продаваат на самиот настан.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1