Connect with us

Култура

Во Прилепскиот театар се подготвува претставата „Саатот“

Во Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Саатот“ од Лидија Митоска Ѓорѓиевска, во режија на Кристина Димитрова. Претставата е прва од програмата на ансамблот за оваа, 2026 година.

Според режисерката Димитрова, претставата „Саатот“ е интимна трагикомедија со апсурдни и постмодерни драматуршки елементи.

-Двајца актери на сцената ќе ги играат лицата на Вера и Јован, а трет еден актер/музичар ќе го игра персонифицираниот ѕиден часовник. Улогата на часовникот ќе биде да покаже повеќе аспекти од животот на новото време. Репликите се кратки и се напишани на едноставен, разговорен јазик. Ќе се почувствуваат осаменоста, времето, двете души во времето и ќе се обидеме да го слушнеме нивниот ритам.  Секако, и темата распад на душата и распад на општеството ќе игра клучна улога во концептот и идејата на самата претстава, вели Димитрова. 

Костимите и сценографијата се на Благој Мицевски, Музиката е на Филип Јездиќ и Томе Темелкоски. Во претставата играат: Димитар Ѓеорѓиевски, Наташа Ачански и Филип Јездиќ.

Премиерата ќе биде во почетокот на април.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3